Претседателот на Баерн, Минхен Карл-Хајнц Румениге му се извини на тренерот на клубот, Нико Ковач што се сомневаше во неговата одлука во врска со трансферот на Иван Перишиќ (30) од Интер ова лето, јавува „Газета дело Спорт“.
FcIN – In Baviera tutti pazzi per Ivan Perisic, il riscatto è in agenda. E Rummenigge ha dato ragione a Kovac https://t.co/0opB0FBcJJ
— FcInterNews.it (@FcInterNewsit) September 23, 2019
Перишиќ стигна на „Алијанц Арена“ на позајмица на желба на стратегот на Баварците, што беше дочекано со голема доза на сомнеж во Германија.
Хрватскиот репрезентативец беше доведен откако пропадна трансферот на Лирој Сане од Манчестер Сити, но челниците на Баерн беа сомнителни во квалитетите на Перишиќ како дел од првиот тим.
Ситуацијата се промени, Перишиќ за Баерн во Бундеслигата играше на 3 меча, постигна два гола, а Румениге се извини за сомнежот во одлуката на тренерот.
Niko Kovac says Ivan Perisic is one of Bayern Munich's three best players ?
Who are the other two? ? pic.twitter.com/sCUZpMy4y5
— Goal (@goal) August 15, 2019