Екс-напаѓачот на Манчестер Јунајтед и поранешен играч на Евертон, Вејн Руни можно е да стане играч – тренер во тимот на членот на Чемпионшип, Дерби Каунти. Сопственикот на клубот, Мел Морис има намера сака да привлече во својата екипа големи имиња на европскиот и светскиот фудбал. Ако тоа не му успее на теренот, барем на клупата.
Руни би можел и на теренот како офанзивец, но и на клупата како помошник на холандскиот ас, Филип Коку.
Руни неколкупати наговестува дека сака да премине во тренери, имаше веќе неколку понуди, но засега не се одлучил за ниедна од понудите.
Најдобриот стрелец во историјата на англиската фудабалска репрезентација со 53 гола моментно настапува за ДЦ Јунајтед во МЛС лигата во САД. Со тимот има договор уште година ипол.