Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Англичанецот Вејн Руни размислува за враќање во клубот од „Олд Трафорд“ но не во улога на играч, туку од другата страна на теренот.
Според пишувањата на „Сан“, напаѓачот има план да ја заврши играчката кариера и да стане дел од стручниот штаб на „црвените ѓаволи“.
Јунајтед го почна „бранот“ на враќање во клубот на старите „ѕвезди“ почнувајќи од менаџерот Солскјер , а дел од Управата на клубот од скоро стана и Рио Фердинанд. Така да нема да биде големо изненадување ако Руни добие место во Управата на клубот од „Олд Трафорд“.
Руни во моментов има 33 години и е член на ДЦ Јунајтед од Вашингтон, во МЛС лигата во САД каде е најдобриот поединец.
Тој, наводно, сака да биде помошник тренер.