Одличен турнир одиграа ракометните репрезентативки на Русија во Јапонија, а награда за тоа е бронзениот медал. Во битката за третата позиција, предмалку Русинките славеа со 33-28 против Норвешка која се чини не успеа да ја „преболи“ полуфиналната елиминација од борбата за титулата од Шпанија.
Русија бронзата од Јапонија ја придодаде на златото од Олимпијадата во Рио и среброто од ЕП во Франција.
Избраничките на селекторот Амброш Мартин беа главни фаворитки за златото, но лошиот ден против Холандија (единствен пораз на турнирот) ги тргна од борба за титула.
Во денешниот меч Норвешка поведе со 3-0, Русија успеа да се консолидира и израмни на 7-7. Оттогаш комплетно ја преземаја иницијативата, па на полувреме отидоа со предност од +3 (18-15).
Одлична играа Русинките и во второто полувреме, а највисоката предност во нивна полза беше 23-17.
Најдобра на теренот беше Ана Вјахирева со 9 гола.
Мечот за златото меѓу Холандија и Шпанија започнува во 12.30 по средноевропско време.