Top Sport

САД, Србија, Грција, Шпанија па Франција – рангираше ФИБА

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) неофицијално изврши рангирање по квалитет на селекциите кои ќе бидат дел од Светското кошаркарско првенство во Кина кое започнува на 31 август, а ќе трае до 15 септември.

На првата позиција е рангирана селекцијата на САД, зад неа е Србија, а трета е Грција. Првата „петка“, според ФИБА, ја заокружуваат Шпанија на четвртата и Франција на петтата позиција.

Од ФИБА напоменуваат дека Србија има добар тим кој ќе биде многу тежок противник за селекцијата на САД во евентуалното финале.

Светската куќа на кошарката предвидува реприза на финалниот дуел од СП во Мадрид и од ОИ во Рио.

Рангирањето на шестата позиција ја става Австралија, а редоследот до крајот на најдобрата „десетка“ е Аргентина, Нигерија, Литванија и Турција.
http://www.fiba.basketball/basketballworldcup/2019/news/power-rankings-feels-like-a-repeat-of-madrid-2014-and-rio-2016-is-on-the-cards

Scroll to Top