Многумина во БиХ во него гледаат замена за селекторот на босанската фудбалска репрезентација, Роберт Просинечки по неуспешниот евроквалификациски циклус, но тој вели „Ќе видиме, чекам понуди, не брзам, се уште има време“.
Станува збор за поранешниот ас на југословенскиот фудбал, Сафет Сушиќ кој е една од најголемите ѕвезди на француски ПСЖ.
Сушиќ беше капитен на „светците“ од Париз од 1982 до 1991 година, а за тимот одигра 287 меча и постигна 67 гола.
Францускиот клуб со години се обидува да ја освои Лигата на шампиони, но безуспешно. Парискиот клуб до сега не се приближил ниту до полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување.
„Ако не направат ништо сезонава, тогаш никогаш нема. Следната сезона Нејмар повторно ќе се обиде да замине, а веројатно и ќе го пуштат. За мене Килијан Мбапе е број еден напаѓач во светот во овој ммент и Реал Мадрид е подготвен да плати за него 400 милиони евра. На ПСЖ пари не му требаат, но тешко е да се задржи фудбалер кој сака да си оди. Мислам дека ова им е клучна сезона, па ако не успеат сега да ја освојата ЛШ, веројатно нема никогаш“ – вели Сафет Сушиќ.