Top Sport

Салихамиџиќ за отказот на Ковач: Не беше лесно, тоа се незгодни ситуации!

Еден од легендарните фудбалери на Баерн инхен, актуелен спортски директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ има свое влијание во отказот за тренерот на баварскиот клуб, Хрватот Нико Ковач.

Босанецот иако отпрвин молчеше на сите прашања поврзани со смената на Ковач, по неколку дена излезе со изјава во која вели дека малку му е жал што мораше ова да се случи.

„Не ми беше ни најмалку лесно тоа да го направам, тоа се незгодни ситуации. Па Нико и Роберт Ковач беа мои спиграчи, тоа се луѓе кои долго ги познавам. Но по поразот од 5-1 од Франкфурт моравме да се најдеме и да ја анализираме тешката ситуација во која се најдовме. Така заклучивме дека не сме задоволни ни од игрите, ни од резултатите“ – рече Салихамиџиќ.

Тој откри каква била реакцијата на Ковач по таквата ситуација.

„Нико рече дека мисли оти го нема потребното влијание врз играчите. Затоа се договоривме на спогодбен раскин на соработката. Мислам дека тоа беше вистинската одлука затоа што ниту резултатите, ниту игрите не беа на нивото на Баерн“ – рече Салихамиџиќ.

Scroll to Top