Реал Мадрид го победи Галатасарај со 1-0, Леганес со 5-0, без голови заврши дуелот со Бетис, потоа повторно падна Галатасарај со 6-0, а последниот меч на кралскиот клуб против Еибар заврши со резултат 4-0.
Доколку се соберат минутите на овие мечеви на кои Реал не прими гол, а на тоа се придодадат и минутите во минималниот пораз на Реал од Мајорка (1-0), тогаш се доаѓа до бројка од 533 минута во кои мрежата на голот на белгискиот голман, Тибо Куртоа не беше затресена.
Го делат само 2 минути од рекордот на Кејлор Навас кој репрезентативецот на Костарика (кој сега е член на француски ПСЖ) го постави во 2015 година, на преминот од една во друга сезона.
Сепак, апсолутен рекордер во Кралскиот клуб е сегашниот голман на Порто, Шпанецот Икер Касилјас кој немаше примено гол 951 минута во низа.
На последните 5 меча, Куртоа успешно одбрани 5 удари кон голот, а ова за него е првпат откако е во Реал Мадрид на 5 меча во низа да ја зачува својата мрежа.
Пред оваа серија, Белгиецот имаше прескромни 11 одбрани од 23 удари кон неговиот гол.