Младиот германски репрезентативец, Лирој Сане (23) некое време ќе биде надвор од фудбалските терени. Тој на мечот од Комјунити шилд меѓу неговиот Манчестер Сити и европскиот првак, Ливерпул тешко го повреди коленото.
Цело лето се споменува како идно големо засилување на Баерн Минхен, но сепак тој остана меѓу „граѓаните“.
Се уште не е познато колку долго ќе му треба да закрепне по повредата на лигаментите на коленото, но секако ќе мора да оди на операција.
Пеп Гвардиола во 12 минута од мечот против Ливерпул иамше горко – сладок момент. Веднаш по голот на Стерлинг за водство, следуваше повредата на Сане. Вака Сити остана без една од главните алки во нападот уште пред да започне Премиерлигата.
Згора на се, најверојатно „избега возот“ на Сане и за Баерн затоа што тренерот на Баварците, Нико Ковач нема да има време да го чека Германецот да се опорави, а и преодниот рок во Англија е завршен.