Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари уште на самото претставување во Торино предизвика многу реакции, дел позитивни, а дел негативни. Главното прашање беше дали Сари ќе се прилагоди кон тимот или обратно. Второто е поверојатна комбинација.
Сари на Кристијано Роналдо, кој моментно е на одмор, му ги предочил замислите за наредната сезона и му најавил дека сака тој да игра „лажана деветка“. Истото тоа Сари сакаше да го имплементира и во Наполи и во Челси, но со променлив успех.
Во Наполи на таа позиција играше Дрис Мертенс, додека истата задача му беше проблем на Еден Азар во Челси.
Кај Роналдо тоа не би требало да биде проблем, минатата сезона речиси сам ја помина во центарот на нападот. Сари е убеден дека со оваа промена може да се сруши рекордот на Игуаин од 36 гола во Серија А.