Top Sport

Се урна трибина на кошаркарски меч во Египет

Кошаркарски натпревар во Египет можеше да се претвори во голема трагедија, откако се урна дел од трибината на дуелот меѓу Ал Ахли и Ал Итихад во кошаркарскиот Суперкуп на оваа земја. Има голем број повредени гледачи, но, за среќа, засега нема информации за жртви.

Во салата „Хасан Мустафа“ во Александрија натпреварот е прекинат при резултат 66:45 за Ал Итихад, кога попуштила конструкцијата на трибината и се урнала.

Според информациите интервенирало 21 амбулантно возило, а вкупно 72 лица се повредени.

Scroll to Top