Top Sport

Семенја исфрлена од СП затоа што не сака да го намали тестостеронот

Светската шампионка на 800 метри, Јужноафриканката Кастер Семенја нема да може да го брани насловот на Светското првенство во Доха кое ќе се одржи од 28 септември до 6 октомври оваа година. Одлуката за тоа Семенја да не ја брани титулата ја донесе Врховниот суд на Швајцарија, информираа од ИААФ. Причината за тое е фактот што атлетичарката не сака да зема лекови за да го намали нивото на тестостерон во организмот.

Семења се жалеше на овој суд од одлуката на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), која што ја суспендираше заради преголемо количество на тестостерон, но сепак жалбата не беше усвоена.

„Многу сум разочарана затоа што нема да можам да ја бранам толку тешко стекнатата титула, но тоа нема да ме одврати од борбата за човековите права на сите спортистки кои се со ива засегнати“ – изјави 28-годишната Семенја.

Атлетичарката од Јужноафриканската република со својата појава го шокираше светот во 2009 година кога како 18-годишна атлетичарка освои злато на СП во Берлин на 800 метри. Истото го стои и во 2011, односно 2017 година, а освои и две олимписки злата во Лондон во 2012 и во Рио во 2016 година.

Scroll to Top