Top Sport

Сензација во најава: Холифилд се враќа во рингот со 57 години?

Неверојатна вест стигна од светот на боксот.

Екс-боксерот, Ивандер Холифилд (57) кој во 2011 година се повлече од професионалниот спорт по победата со технички нокаут над Брајан Нилсен во Копенхаген најави желба повторно да се врати во рингот.

Се надева дека ќе се бори со Ридик Бау кој е надвор од боксот од 2008 година, а има 52 години.

Тие двајца се бореле меѓусебно трипати, во периодот од 1992 до 1995 година, а Бау славел две победи. Холифилд сака освета.

„Се надевам дека тоа ќе се случи, иако никој во последниот период не зборувал со мене на таа тема. Ако се случи – ок, ако не – нема врска. Сакам тоа да биде баш со Ридик Бау затоа што сме пријатели. Парите за кои зборуваат се извонредни, за само 3 рунди. Подготвен сум, можам тоа да го издржам“ – рече Холифилд.

Во продолжение потсетување на неговата легендарна борба против Мајк Тајсон, во која „железниот“ откина дел од увото на Холифилд.
https://youtube.com/watch?v=7CCqyJFc-bM

Scroll to Top