Top Sport

Наскоро доаѓа најбрзото бебе на светот – гордоста на Болт!

Најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт наскоро ќе стане татко, неговата сопруга Кеси Бенет е бремена. Иако веста досега беше криена од јавноста, Усеин денеска ја објави убавата вест.

„Само да ви кажам дека е на пат еден крал, или кралица“ напиша спринтерот покрај фотографијата на која неговата сопруга се држи за стомакот.

За потсетување, кон крајот на 2016 години, кога Болт ја завршуваше пребогатата кариера, често ги полнеше страниците со жолт печат поради скандали и неверства.

И покрај спортските успеси во Рио де Жанеиро, на ОИ, медиумуте повеќе внимание посветија на скандалите кои следуваа по затворањето на игрите.

Се појавија фотаографии на кои Усеин е во кревет со 20-годишната Бразилка, Џејди Дуарте, за која подоцна се дозна дека е вдовица на нарко-бос, мајка на две деца.

Болт по Бразил, беше и во Лондон, каде исто така бил уловен во ноќна дружба, а во хотелот каде бил сместен се вратил во друштво на 8 манекенки.

Сепак сите скандали поврзани со неговото име, надвор од атлетската патека, не успеале да ја разнишаат врската со Кеси Бенет.

Scroll to Top