Екипата на Севилја синоќа на својот „Рамон Санчез Писхуан“ повторно спасуваше само бод, никако не успеа да се одлепи во борбата за третото и четвртото место на табелата во Ла Лига кои водат во Лига на шампиони. Причина за тоа е што Севилја дури четврти меч во низа игра нерешено.
Првиот натпревар од 32. коло синоќа заврши 1-1, Валјадолид и скина два бода на Севилја.
Ваљадолид поведе во 25. минута, стрелец за гостинско водство беше Кико.
Спасител за клубот од Андалузија беше Окампос, кој погоди за 1-1 од пенал, во 83 минута од мечот.
Претходно оправдано пониште гол за Севилја, ВАР покажа израмнување на резултатот од офсајд позиција.