Top Sport

Шалке им се врати на победите, Баер рутинирано, голеада во Лајпциг (видео)

Во 17 коло од Бундес лигата Шалке победи нагости кај Штутгарт со резултат од 3-1, па за кратко ги стишаа критиките што оваа сезона одат на сметка на тимот од Гелзенкирхен, поради слабите резултати.

Гостите поведоа со голот на Скрибски во 10 минута. Во вториот дел Сане зголеми на 2-0. Гонзалез погоди за 1-2, а Кутуци во 78 минута ги постави конечните 1-3.

Баер Леверкузен забележа значајна победа од 3-1 против тимот на Херта. За Фармацевти головите ги постигнаа Воланд и двапати прецизно стрелаше Хаверц, а утешен погодок за гостите од Берлин постигна Торунарига.

Голеада имаше во Лајпциг каде домаќините по многу борба со 3-2 славеа против Вердер Бремен, додека на двата останати натпревари одиграни во стандардниот термин 15.30 часот меѓу Хановер и Диселдорф, односно Нирнберг и Фрајбург, победи славеа гостите минимално, со по 0-1.


Scroll to Top