Top Sport

Анти-обложувачки ден во Премиер лигата, домашни порази за Сити и Челси (видео)

Англиската Премиер лига денеска донесе крајно разочарувачки ден, особено за обложувачите. На шесте саботни натпревари во традиционалниот термин, 16 часот, само една домашна екипа успеа да забележи победа, а притоа домашни порази доживеаја двата фудбалски гиганти, Манчестер Сити и Челси.

Сити загуби пред своите гледачи од Кристал Палас иако во 27 минута преку Гундоган домаќините имаа водство од 1-0. Сепак до крајот на полувремето гостите со головите на Шлуп и Таунсенд (посебно убав беше вториов гол)го свртеа резултатот во своја корист.

Во вториот дел Сити ја имаше комплетната доминација, но сепак залудно, затоа што по една грешка на Вокер (го сруши противничкиот играч во шеснаесетникот) гостите преку Миливојевиќ од пенал зголемија на 1-3. До крајот на мечот Де Брујне во 85 минута успеа само да намали на 2-3, што беше конечен резултат.

Челси го претрпе првиот пораз сезонава на „Стемфорд Бриџ“, а единствениот гол за гостите од Лестер вреден 3 бода беше дело на Џејми Варди во 51 минута.

На останатите четири меча од 18 коло Борнмут со 2-0 го доби Брајтон, Хадерсфилд беше поразен на домашен терен од Саутемптон со 1-3, Њукасл и Фулам одиграа досадно реми 0-0, додека Вест хем беше изненаден дома од тимот на Ватфорт, пораз од 0-2.





Scroll to Top