Top Sport

Шекил О`Нил: Еден идиот ја уништи историјата, го мразам!

Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О`Нил во 2000 година беше блиску до историски подвид, му недостасуваше само еден глас да стане првиот НБА играч кој едногласно е прогласен за МВП на сезоната.

Тогаш О`Нил добил 121 од вкупно 122 можни гласови, само тогашниот новинар на СНН, Фред Хикман својот глас му го дал на Алан Ајверсон.

Гостувајќи во емисијата „Фер игра“ Шекил признал дека се уште му е лут на новинарот кој му ја одзема можноста да влезе во историјата.

„Фред идиот Хикман, го мразам. Немам за што да разговарам со него, нема ниту за што да ми се извинува. Уништи историја затоа што беше серко“ – рече О`Нил и додаде дека таа сезона ниту еден кошаркар не бил ниту блиску до неговото ниво.

Кошаркарскиот центар таа сезона имаше просек од 29,7 поени со процент на шут од 57%. Втор беше во категоријата скокови со просек од 13,6 на меч, додека испорачуваше по 3 блокади на меч.

Со тоа, О`Нил стана првиот играч по Карим Абдул Џабар кој во 1976/77 беше меѓу првите тројца во сите 4 категории.
Таа сезона Ајверсон ја заврши како втор стрелец со просек од 28,4 поени по меч.

Во слична ситуација во сезоната 2012/13 се најде и сегашниот играч на Лејкерси, Леброн Џејмс. Тој остана краток за еден глас откако новинарот Гери Вошбурн единствен својот глас му го додели на Кармело Ентони.

Scroll to Top