Шкендија и теоретски ја освои шампионската титула во домашното првенство, откако на седум кола до крајот има 26 бода повеќе од Вардар. Тимот од Тетово ја освои втората титула во клупската историја, а бидејќи ќе игра и во финалето на Купот ќе има можност и да ја освои двојната круна во сезоната 2017/2018.
Шкендија во ранките на 29.коло го победи Шкупи, додека Вардар запиша пораз во Прилеп, со што Победа си ги зголеми шансите за опстанок во лигата.
Шкедија го победи Шкупи со головите на Радески и Ибраими, а во исто време Победа славеше над Вардар со головите на Гешоски и Даноски.
Резултати, 29.коло:
Шкендија-Шкупи 2:0
Победа-Вардар 2:0
Работнички-Пелистер 4:0
Силекс-Ренова 1:0
Скопје-Академија Пандев 0:2
Табела: 1. Шкендија 75, 2. Вардар 49, 3. Силекс 45, 4. Работнички 38, 5. Академија Пандев 35, 6. Ренова 34, 7. Шкупи 33 (-1), 8. Победа 29, 9. Пелистер 25 (-1), 10. Скопје 25.