Top Sport

Шокантна информација: Легендарниот украински фудбалер е руски таен агент

Легендата на украинскиот фудбал Анатолиј Тимошук беше буквално „избришан“ од историјата на својата земја иако дури 144 пати го носеше националниот дрес на Украина. Сепак, тој одби да го напушти рускиот Зенит каде работи како член во стручниот штаб, а најновата вест е дека тој се согласил да биде и руски агент.

Тимошчук не даде ниту една изјава против Русија во изминатите две седмици откако трае воената агресија на неговата родна земја Украина, а сега се појавија информации и зошто тоа не смее да го направи. Тој пред неколку години потпишал дека ќе соработува со ФСБ (Руска тајна служба) и дека ќе и служи на Русија.

Scroll to Top