Top Sport

Шпанците со круната, МВП е Вили Хернангомез

Шпанија ја освои европската кошаркарска титула, па нормално е од редовите на „црвената фурија“ да дојде и најкорисниот играч на турнирот. За МВП е избран Вили Хернангомез, кој беше одличен во текот на целото натпреварување.

Во најдобрата петорка се најдоа Гркот Јанис Адедукомбо, Французинот Руди Гобер, Шпанецот Лоренцо Браун, Германецот Денис Шрудер како и Шпанецот Вили Хернангомез.

Во финалето Шпанците славеа против Франција со 88:76, а за најдобар кошаркар на финалето беше прогласен Хуанчо Хернангомез кој постигна 26 поени.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');