Управата на мадридски Атлетико му понудила на милански Интер 75 милиони евра за трансфер во Мадрид на аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди, пренесува „Кориере дела Сера“.
Според информациите од Италија, тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне сакал да го доведе во клубот својот сонародник на местото на проблематичниот Шпанец, Диего Коста.
Икарди оваа сезона во Интер одигра 29 меча и постигна 16 гола, но на голем дел од натпреварите не настапи. Дел поради повреда, а дел поради лошите односи со управата на клубот.