Top Sport

Никој не може да го сопре ова момче! Кобајаши со триумф во Гармиш (видео)

Сензационалниот Рјоју Кобајаши стигна и до втората победа на новогодишната турнеја „4 скокалници“, по доминацијата во Гармиш-Партенкирхен на Нова Година.

Ова е фантастична шеста победа оваа сезона за 22-годишниот Јапонец, за доминација ретко видена на Светскиот куп во скијачки скокови.

Кобајаши беше прв и по првата серија за на крајот да триумфира со 266.6 поени по скоковите од 136.5 и 133 метри пред Германецот Маркус Ајзенбихлер со 264.7 поени (138 и 135 метри) и Полјакот Давид Кубацки со 256.2 поени (133.5 и 133 метри). Топ 5 го комплетираа Чехот Роман Куделка и постариот брат на Кобајаши, Јуниширо.

Следната, трета станица од новогодишната турнеја е во австрискиот Инсбрук на 4 јануари. Кобајаши ќе се обиде да стане само третиот скокач во историјата со победа на сите четири скокалници по Свен Ханавалд (2000/01) и Камил Штох (2017/18).

Фото: ЕПА

Scroll to Top