Top Sport

Шпански „АС“: Реал Мадрид до крајот на јануари го носи Икарди за 110 милиони евра?!

Шпански „АС“ пишува дека претседателот на клубот, Флорентино Перез ќе направи се да го донесе на „Бернабеу“ Аргентинецот Мауро Икарди од Интер. Тој одби да потпише нов договор со Интер, па 25-годишниот напаѓач чиј договор со „нероазурите“ е до 2021 може да премине во друг клуб за 110 милиони евра.

Според информациите од клубот, Реал е подготвен да ја плати сумата само да го доведе Икарди во својот тим уште во зимскиот преоден рок.

По заминувањето на Роналдо во Јувентус, Реал Мадрид остана само со Карим Бензема како класичен центарфор, па „Кралевите“ одлучија нападот на тимот да го засилат со Панамецот Маријано Диаз за кого на Лион му платија 20 милиони евра. Диаз не може да ја оправда доверенета „седмица“ на грбот, па затоа на тимот му е потребен голгетер каков што заслужува клубот.

Икарди во Интер дојде во 2013 година од Сампдорија за 13 милиони евра, а на 204 настапи за миланскиот тим постигна 120 голови.

Scroll to Top