Познатиот шпански генетичар, биологот Аркади Наваро (50) тврди дека постојат техники и методи со кои може аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси да се клонира, да добие брат – близнак.
Замислете ја Барселона со 11 играчи како Меси. Тоа е можно еден ден, кога од зборови во пракса би се спровело научното тврдење на Наваро кој е еден од водечките во својата област во Европа.
„Денешната медицина дозволува Меси да биде клониран. Тоа би бил и начин на генетска основа да се замрзне неговиот талент. Можеби клон, кој секако би бил близнак. Во потполност не би го одразил Меси поради неговите стекнати особини, но вродените би биле зачувани. Меси не е само ген, тој е и сето тоа што го преживеал, меѓу останатото и неговиот престој во легендарната младинска школа Ла Масија“ – вели Наваро.