Тренерот на Атлетикот Мадрид, Аргентинецот Диего (Чоло) Симеоне во интервју за радио „Кадена Сер“ искажа куп пофалби за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Тренер на кого му се восхитувам? Јирген Клоп, без сомнеж. Губеше, но и освојуваше големи работи. Меѓутоа, секогаш со стил. Го гледам како тренер кој е многу близок со своите играчи“ – рече Симеоне.
Тренерот на „јорганџиите“ ги прокоментира и заминувањето од Атлетико минатово лето.
„Заминување кое за нас беше најтешко е она на Лукас Хернандез. Тој е наше дете, помина низ младинскиот погон. Беше еден од нас, како Саул Нигез, Коке, Томас Парти… Лукас стигна во исто време како и Томас, тие играчи ни се важни“ – изјави Симеоне притоа не споменувајќи ниту збор за Гризман го направи трансфер во Барселона.
Diego Simeone (Speaking to @ellarguero): "A manager that I respect? Jürgen Klopp without a doubt. He had to lose things, as well as winning some beautiful things, but he’s always done it with one style. I see him really close to his players." pic.twitter.com/hQIhsBTCiT
— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) October 11, 2019