Бразилскиот стопер Фелипе (30) е нов играч на Атлетико Мадрид, пишуваат шпанските медиуми. Досегашниот член на Порто за 20 милиони евра се сели во Мадрид, а во Европа дојде пред 3 години, од Коринтијанс.
Фелипе во составот на Чоло Симеоне се очекува да ја пополни празнината во дефанзивната линија по заминувањето од клубот на Уругваецот Диего Годин (33).
Бразилецот за Порто одигра 142 меча, а има и еден настап за Кариоките.
Освен Фелипе, тренерот на Атлетико ќе има полни раце работа да ја консолидира одбраната затоа што освен заминувањето на капитенот Годин, своето заминување го најавуваат и Хуанфран, односно Филипе Луис, а Лукас Хернанадез веќе е играч на Баерн Минхен.
Acuerdo con el @FCPorto por Felipe, pendiente de la recepción de Certificado de Transferencia Internacional (CTI); el central se incorporaría a partir del 4 de julio para las tres próximas temporadas
➡ https://t.co/BVe3IdP0Mf#AúpaAtleti pic.twitter.com/DP4iy2Yw1Q— Atlético de Madrid (@Atleti) May 28, 2019