Top Sport

Селта и зема три бода на Џирона за бегство од опасната зона

Фудбалерите на Селта Виго предмалку триумфираа во шпанската Примера против Џирона со 2-1 и за момент избегаа од опасната зона која носи во понизок ранг.

Во првото полувреме, во 34 минута најдобриот фудбалер на Селта, репрезентативецот Аспас погоди за водство од 1-0.
Во вториот дел во 48 минута израмни Порту, а вториот гол за домаќините вреден три бода го постигна Буфал во 69 минута, на асистенција на Аспас.

Сега Селта е три бода пред тимовите кои ќе се селат во втора лига, а Џирона има бод помалку на 15 позиција на табелата.

Scroll to Top