Трансферот на Лирој Сане од Манчестер Сити во Баерн Минхен ова лето е завршена работа, тврди германски „Билд“ и наведува дека крилниот напаѓач ќе потпише со Баварците до 2025 година.
Од весникот се повикуваат на извори блиски до Пеп Гаврдиола и истакнуваат дека двата тима ќе се најдат некаде „на средина“ што се однесува на трансферот. Тоа значи дека Баерн ќе им плати на „граѓаните“ околу 50 милиони евра.
Договорот на Сане со Сити е до летото 2021 година.
Првично Баерн нудеше 35 милиони за германскиот репрезентативец, а Манчестер бараше 70 милиони евра.
Она што најмногу ги придвижи работите е што Сане покажа разбирање околу висината на годишната плата.
Нема да биде најплатениот во тимот и нема да заработува по 20 милиони по сезона, како што беше претходно договорено.