Манчестер Јунајтед не планира да го доведе Пауло Дибала на „Олд Трафорд“, пренесува „Скај Спорт“.
Информациите се дека Управата на „црвените ѓаволи“се откажала од намерата затоа што, според нив, желбата на Аргентинецот да заигра за Јунајтед не е толку голема колку што треба да биде.
Sky sources: Manchester United end their interest in Juventus forward Paulo Dybala.
— Sky Sports News (@SkySportsNews)August 4, 2019
Претходно се појавија информации дека Дибала ќе си оди од „Старата дама“ затоа што е планирано во спротивен правец да оди Ромелу Лукаку, голгетерот на Јунајтед.
Новонастанатата ситуација значи и дека Белгиецот нема да оди во Торино, наводно Управата ќе му побара нов клуб.
Претходно истиот медиум пренесе информација дека двата клуба веќе ги договориле условите, но Дибала не можел да ги допрецизира личните услови со англискиот клуб, по што соопшти дека не сака да заминува од Италија.