Аргентинскиот фудбалски селектор, Лионел Скалони гради селекција на нови темели, а на почетокот на патот кон Светското првенство 2022 ќе им укаже шанса на не толку познати фудбалски имиња.
Шанси да се најдат на теренот против Еквадор на 26 март и против Боливија 5 дена подоцна добија неколку дебитати – Езекиел Паласиос, Леонардо Берарди и Алексис Мекалистер. Ниту еден од нив не е постар од 21 година.
Дефанзивецот Паласиос од јануери е дел од Баер Леверкузен, а нешто поофанзивно делува Мекалистер, играчот на Брајтон, во Премиерлигата. Довербата на Скалони ја доби и играчот на Борусија Дортмунд, Балерди.
Моментно списокот на Скалони го сочинуваат само играчи кои играат надвор од Аргентина, предводени од Лионел Меси. Сепак тој нема да игра против Еквадор на првиот меч од квалификациите поради суспензијата од минатата година.
Од играчите кои настапуваат во европските клубови, а кои порано играле за „гаучосите“, сега ги нема голманот на Порто, Марчесина, стоперот на Тотенхем, Хуан Фојт и офанзивецот на Лацио, Хоакин Кореа.
На списокот за првите два меча се:
Хуан Мусо, Нехуен перез, Николас Отаменди, Ренцо Саравија, Херман Пецела, Николас Талјафико, Леонардо Балерди, Гвидо Родигез, Роберто Переира, Езекиел Паласиос, Николас Домингез, Џовали ло Селсо, Алексис Мекалистер, Родриго де Пол, Маркус Акуња, Лионел Меси, Серхио Агуеро, Лукас Окампос, Лукас Аларио, Николас Гонзалез, Пауло Дибала и Лаутаро Мартинез.