Top Sport

Фудбалска измама, Сирија доби фантомски пенал против Австралија (видео)

Фудбалската репрезентација на Австралија ја оправда улогата на фаворит во мечот од последното коло во групната фаза на Азијскиот куп против Сирија (3:2), но малку недостасуваше да се случи изненадување.

„Кенгурите“ победија со гол во 93 минута со голот на Том Рогич, но очите на јавноста се задржаа на пеналот на Сиријците во 80 минута, по што резултатот беше 2-2.

Мексикански судија наседна на измамата на фудбалерите и покажа на белата точка, а всушност Сириецот падна во шеснаесетникот по судирот со својот соиграч.

Погледнете:

https://youtube.com/watch?v=o-XX9hMUqgE

Scroll to Top