Руските медиуми известуваат за голем скандал во тамошниот фудбал.
Српскиот фудбалер, Бранислав Ивановиќ предизвикал инцидент кога допинг контролата сакала да го тестира непосредно по завршувањето на мечот Зенит-Динамо Москва.
Дефанзивецот на Зенит, според информациите, бил толку бесен што во еден момент го истерал контролорот од тоалетот. Расправијата траела околу 60 минути и на крајот Ивановиќ се согласил да се тестира. Резултатите биле негативни, па екс-капитенот на Србија докажал дека не користи никакви недозволени средства.
Сепак од допинг контролата „Русада“ испратиле опоменувачко писмо до Зенит. Причина за неговата бурна реакција било тоа што тој редовно бил мета на антидопинг агенцијата.
„Русада“ најавиле дека ќе го казнат фудбалерот за однесувањето.