Рома не успеа да направи чудо против Ливерпул и да избори пласман во финалето во Лигата на шампионите. На „волчицата“ и недостигаше еден гол за да избори продолженија во полу-финалниот реванш.
Рома синоќа на „Олимпико“ го победи Ливерпул со 4:2, не успеа да ја стигне негативата од првиот натпревар, а прашање е каков тек ќе имаше натпреварот доколку Словенецот Дамир Скомина, во второто полувреме досудеше пенал во две спорни ситуации.
Најпрвин, беше сигнализиран офсајд, кога голманот Кариус го собори Един Џеко во шеснаесетникот на Ливерпул, а потоа Скомина и неговите помошници не видоа кога Александер-Арнолд со рака го изблокира ударот на Ел Шарави.
Според новинарот на телевизијата „beIN“, Танкреди Палмери, во соблекувалната, по завршувањето на натпреварот, на Скомина му станало јасно дека направил грешка и дека Словенецот лошо се чувствувал поради тоа.
Ливерпул во големото финале на 26.мај во Киев ќе игра против Реал Мадрид.
EXCLUSIVE: Referee Skomina after the game in the changing room felt destroyed after realising the mistakes, admitted he was wrong
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) May 2, 2018