Top Sport

Славен Билиќ е нов тренер на Истанбул Башахшехир!?

Екс-хрватскиот фудбалски репрезентативец, а потоа и селектор, Славен Билиќ си најде нов ангажман. Турските медиуми наголемо пишуваат дека Хрватое е новиот тренер на Истанбул Башахшехир, клубот кој му е омилен на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Хрватот кој моментно е без ангажман по отказот што го доби од саудиски Ал Итихад своевремено беше тренер на Бешикташ.
Информациите се дека Билиќ, кој присуствуваше на мечот меѓу Бешикташ и Кашимпаша, веќе се договорил и би требало во следните неклку дена повторно да дојде во Истанбул за да го потпише договорот.

Башахшехир иако голем дел од сезоната го помина на лидерската позиција на табелата во туркото првенство, сепак на крајот заврши како втор, зад Галатасарај.

Билиќ неодамна се поврзуваше со можна преселба во Шкотска, како кормилар на Селтик.

Билиќ и Мурињо во мртва трка – кој да седне на клупата на Селтик

Scroll to Top