Хрватските медиуми повторно ја актуелизираат информацијата дека е можно Динамо Загреб да остане без услугите на капитенот, Македонецот Аријан Адеми.
Иако Динамо имаше извонредна фудбалска есен, обезбеди европска пролет во Лига Европа, прв е на табелата во првата хрватска лига, сепак челниците на клубот стравуваат дека ќе останат без битната алка во тимот, нашиот Адеми.
Според информациите од Динамо, поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ го сака Аријан Адеми во својот клуб Ал Итихад, Саудиска Арабија.
Клубот, според информациите, е подготвен за услугите на македонскиот репрезентативец да плати отштета од 3 милиони евра, па Адеми за договорот кој би бил потпишан на 3 години, по сезона би заработувал околу 2.5 милиони евра.