Познатиот одбојкарски тренер Драган Кобиљски заедно со сопругата денеска се појави пред основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград, каде вчера се случи огромната трагедија. Една од жртвите е нивната ќерка, која беше убиена во скандалозниот акт на младиот 13 – годишен Коста Кецмановиќ, заедно со уште седум ученици и вработен во обезбедувањето.
Тој и сопругата беа занемени од болка. Мајката едвај се држеше, го стискаше Драган и го држеше за рака. Тие положија цвеќе и оддадоа почит на сите кои го загубија животот.
Кобиљски моментално работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест се упати кон Белград.