Кошаркарските партии што од почетокот на сезоната ги прикажува Словенецот Лука Дончиќ многумина ги натераа да зборат за тоа дека младиот играч е најдобриот 20-годишник кој играл во НБА лигата.
Сепак, со таа констатација не се согласува познатиот рапер, Снуп Дог.
„Велат дека Лука Дончиќ е најдобриот 20-годишник кој играл во лигата. Тоа е лага. Тој е добар, но не е најдобриот кој со 20 години играл во НБА“ – рече раперот по мечот меѓу Лејкерси и Маверикси кој „езерџиите“ доминантно го добија со 129-114.
На тој меч Леброн Џејмс постигна 35 поени, а имаше и 16 скока со 7 асистенции.
„Немојте да покажувате такво непочитување кон Мелоун, Брајант, Џејмс, Гарнет кои со 20 години беа страшни во лигата која, пак, тогаш беше многу посилна. Сега лигата е „мека“, а Дончиќ повторно не може ништо. Тој можеби е најдобар 20-годишник на сите времиња, ама во Европа, но не во НБА“ – порача Снуп Дог.