Долгогодишниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес официјално си замина од клубот. Хенес во два наврати беше претседател на минхенскиот клуб, од 2009 до 2014 и од 2016 година па се до вчера.
Неговото место во Баварскиот клуб сега го зазема Херберт Хајнер (65). Тој на позицијата дојде по редовното собрание на клубот на кое собра 79 гласа „За“,
Хенес цели 40 години беше дел од Баерн Минхен, па поради тоа, со емотивен говор и по некоја солза се прости од клубот, колегите и навивачите.