Фабрицио Корона, бизнисмен и човек кој отслужил петгодишна затворска казна за изнудување од славни личности објавува трач во неговиот весник „Кинг“. Тој наведува дека фудбалерите на Јувентус по поразот од 2-0 од Атлетико во Мадрид се „тешеле“ со 60 убави девојки во торинскиот хотел „Мажестик“.
Информациите кои мора да се земат со резерва се дека најголем дел од девојките биле манекенки, а дел од нив биле и Инстаграм – ѕвезди.
Интересно е дека на журката не се појавиле двајца фудбалери на „Старата дама“, Андреа Барѕаљи и Федерико Бернадески.
На гостите им било забрането било што да објавуваат на своите профили по социјалните мрежи, а поголемиот дел од гостите, според наводите, хотелот го напуштиле дури другиот ден, по појадокот.
Авторот на „приказната“ вели дека има свои извори на информацијата, а како доказ се и Инстаграм и Ватс ап, каде е објавено дека тој ден голем број атрактивни девојки со необјаснета причина се упатиле кон Торино.
Од Јувентус засега нема ниту потврда, ниту демант на пишувањата.