Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е кандидат за привремен, в.д. тренер во клубот од „Олд Трафорд“.
Како што пренесуваат медиумите од Островот, Солскјер кој моментно е тренер на екипата на Молде во Шведска, е еден од кандидатите за испразнетото тренерско столче по отказот за Мурињо.
Норвежанецот е миленик на навивачите на Јунајтед, а остана запаметен по победоносниот гол во финалето на Лигата на шампиони во 1999 година против Баерн Минхен кога во Барселона „црвените ѓаволи“ трiумфираа со 2:1.
Оле Гунар Солскјер одигра 235 меча во Премиер лигата во дресот на Јунајтед и постигна 91 гол. Од Манчестер веруваат дека во следните 48 часа ќе биде пронајден в.д. тренер на клубот. Освен Солскјер, за наследник на Мурињо се шпекулира и со имињата на Лоран Блан, Рајан Гигс и Дејвид Мојс.
Се додека не се најде решение за ситуацијата, тренинзите ќе ги води помошникот на Мурињо, Мајкл Керик.