Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер денеска рече дека напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Маркус Рашфорд има потенцијал да стигне до нивото на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, но за тоа е неопходно да продолжи напорно да работи.
„Многу лесно можам да ги споредам нив двајца , по вештината, ставовите, атрибутите. Рашфорд има голема шанса да стане врвен играч, се надевам дека ќе продолжи во ист правец“ – рече Солскјер.
Клубот од „Олд Трафорд“ во 16 коло од Премиерлигата забележа голема победа во градското дерби, на теренот на Сити со 2-1, а стрелец на првиот гол беше токму Рашфорд. Тој беше стрелец и во победата против Челси, но после тоа забележа само еден погодок во следните 7 меча. Сепак Норвежанецот истакнува дека тоа не е причина за грижа.
„Не сакам да зборувам за бројот на голови, се додека е тој фокусиран и додека прави шанси на натпреварите, ќе постигнува и голови“ – заглучи менаџерот на Јунајтед.
„Ѓаволите“ моментно се на петтата позиција на табелата во Премиерлигата со 24 бода.