Top Sport

Сосема заслужено – Андреј Јакимовски е во идеалната петорка на ЕП У-18

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години не успеа да се пласира во А дивизијата на Европското првенство. Нашите млади кошаркари на првенството во ромаанскиот град Орадеа беа поразени во полуфиналето од Израел, а го загубија и мечот за третото место против селекцијата на Чешка.

Сепак, како утеха за добриот турнир на кошаркарите предводени од селекторот Тони Симиќ, дојде изборот на Андреј Јакимовски во најдобрата петорка на првенството.

Јакимовски, кој имаше учинок од 18,4 поени и 9,4 скокови во просек по натпревар се најде во друштво на уште четворица врсници – Ноам Шимон Доврат (Израел), Матеус Казовски (Полска), Пеле Ларсон (Шведска) и Давид Бом (Чешка).

Scroll to Top