Top Sport

Солскјер не се плаши од отказ

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека не е дополнително загрижен за својата работна позиција, по неодамнешните откази на менаџери во Премиерлигата.

Минатиот месец Тотенхем го отпушти Покетино, а потоа Арсенал му даде отказ на Емери. И Вотфорд се реши на ист чекор. Отказ доби Кики Санчез Флорес.

Манчестер Јунајтед е на деветтата позиција во Премиерлигата, со 18 бода на 14 натпревари, што е најлош старт на клубот во изминативе 31 година.

„Само се концентрирам на мојата работа. Таа е во најдобар ред и му се радувам на наредниот меч, но гледам и долгорочно, правам планови со Управата“ – изјави Норвежанецот за „ББС“.

Британските медиуми минатиот декември шпекулираа дека Покетино тогаш ќе го замени Мурињо на клупата на „црвените ѓаволи“, но до тоа не дојде.

Покетино моментно е во Аргентина, и вели дека е подготвен да ги сослуша понудите од сите клубови пред да се варти во Европа.

„Ова е тоа време во годината. Никогаш не е убаво да се види кога колегите добиваат откази, сега тоа им се случи за краток период. Не сум дополнително загрижен поради тоа. По мојот вкус, имаме премногу нерешени дуели, исто така и порази, но ремијата требаше да ги претвориме во победи. Фудбалот е работа поврзана за резултати, не сме задоволни и знаеме дека требаше да сме подобри“ вели Солскјер.

Манчестер Јунајтед утре ќе го пречека Тотенхем, а в сабота го игра градското дерби против Сити.

Scroll to Top