Top Sport

Србинот Лука Јовиќ замена за Кејн во Тотенхем?

На големи маки ќе е менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо до крајот на сезоната. Нема да може да смета на првиот напаѓач во тимот, капитенот Хари Кејн.

Сон не е класичен напаѓач, па медиумте на Островот лицитираат со имиња на можни засилувања на „петлите“.

Меѓу оние кои се споменуваат како можни алтернативни решенија во нападот на Спарси е и српскиот голгетер, Александар Митровиќ. Сепак, прашање е дали Фулам ќе сака да го пушти најдобриот напаѓач да си оди во сезоната во која се труди од Чемпионшип експресно да се врати во Премиерлигата.

Поради тоа, Мурињо, наводно, „фрлил око“ и на уште еден Србин, напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ. Неофицијално, наскоро клубот од Лондон ќе испрати официјална понуда до Кралскиот клуб. Јовиќ би можел да биде решение и на подолги патеки, но засега се е во доменот на шпекулациите.

„Заинтересирани сме да ангажираме напаѓач, но не знам дали ќе успееме во намерата. Ако ни се укаже можност, ќе го купиме, ако не, ништо“ – рече Мурињо во свој стил.

Нема уште многу време за размислување затоа што преодниот рок истекува до 31 јануари.

Scroll to Top