Top Sport

Србите се најуспешни странци во историјата на НБА – Ол стар натпреварите

Иако кошарката одамна е глобален спорт, сепак на најсилната кошаркарска лига во светот, американската НБА долго и требаше пред да ги отвори вратите за кошаркарите од другите континенти во светот.

Кон крајот на 80-тите одењето во НБА на Дражен Петровиќ, Владе Дивац и Шарунас Марчуљонис значеше голем чекор напред за странците во НБА. Сега е поинаку.

Од вкупно 450 места во НБА клубовите, над 100 ги пополнуваат играчи родени надвор од САД. Оваа сезона странците во НБА доаѓаат од 42 земји. Малкумина од нив добија повик на годинешниот Ол стар натпревар.

Од 24 играчи на спектакуларнио меч (плус двајцата кои добија посебна покана, Дирк Новицки и Двејн Вејд), петмина се странци, а тројца од нив се дебитанти во лигата.

Се работи за Србинот Никола Јокиќ, Црногорецот Никола Вучевиќ и Австралиецот, Бен Симонс. Втор настап оваа година има Камерунецот, Жоел Ембид, а листата ја затвора Гркот Јанис Антетокумпо.

Во историјата на Ол стар мечевите Србија е рекордер по бројот на свои играчи. Еве ја и листата на странци во историјата на Ол стар мечевите:

3 – Србија (Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ и Никола Јокиќ)

2 – Германија, Шпанија, Канада (Дирк Новицки, Детлеф Шремпф/ По Гасол, Марк Гасол/Стив Неш, Џамал Маглор)

1 – Аргентина (Емануел Џинобили), Нигерија (Хаким Олајџувон), Холандија (Рик Смитс), Кина (Јао Минг), Литванија (Жидрунас Илгаускас), Русија (Андреј Кириленко), Франција (Тони Паркер), Турција (Мехмет Окур), Словенија (Горан Драгиќ)…

Scroll to Top