Top Sport

Тенискиот свет е воодушевен, освои поен со невидена ротација на топчето (видео)

Кој вели дека на Челинџ турнирите не се игра добар тенис. На турнирот во Далас, Русинот со американски пасош, Денис Новиков одигра фантастичен потег кој ги запали социјалните мрежи, а публиката на теренот ја доведе до делириум.

Новиков истрча на мрежа на скратена топка, ја пласираше така што топчето фати неверојатна ротација.

„Тоа беше невозможна ротација. Тенискиот свет е воодушевен. Дали некогаш сте виделе нешто слично“ – напишала шпанска Марка на Фејсбук страницата.

Новиков завчера претрпе пораз од Еквадорецот Гомез со 1-6 и 1-6, но со потегот стана хит на интернет.

Scroll to Top