Фудбалерите на торински Јувентус, Џанлуиџи Буфон и Кристијано Роналдо вчера се сретнаа со 2 деца кои се спасија од силниот земјотрес во Албанија.
Во земјотресот во Албанија загинаа 51 човек, а многумина останаа без кров над главата.
Премиерот на Албанија, Еди Рама посети две дечиња и успеа да им исполни една голема нивна желба. Тие му кажале дека се фанови на Јувентус, а најмногу ги сакаат голманот и напаѓачот на овој клуб.
Рама ги однел дечињата во Торино да се запознаат со фудбалските асови
Средбата била срдечна, а младите фанови на „Старата дама“ добиле дресови со автограми за спомен.