Top Sport

Стадионот на Карлсруе оди во историја, испратен со факели

Германскиот третолигаш Карлсруе повеќе нема да настапува на својот стадион „Вилдпарк“. Затоа навивачите со стотина факели го испратија во историја стадионот кој има богата историја во германскиот фудбал.

На вчерашниот натпревар на Карлсруе против Вицбургер, победа од 2:1, над 25.000 фанови направија импресивна кореографија за збогум.

За потсетување, Карлсруе сега се бори за влез во втора лига, а пред 20-тина години клубот дојде до полуфинале во Купот на УЕФА.

Членови на Карлсруе биле Оливер Кан, Мехмет Шол, Славен Билиќ, Томас Хеслер, Михаел Тарнат, Бруно Лабадија и други познати фудбалери.

Scroll to Top