Top Sport

Стартни полуфинални победи за Голден Стејт и Бостон (видео)

Полуфиналната серија во Западната конференција тргна со почетна победа за Голден Стејт во дуелот со Хјустон, резултатот на крајот на мечот гласеше 104-100.

„Вориорси“ речиси цел меч беа во предност.

Кевин Дурент постигна 35 поени кај победниците, а Стеф Кари додаде 18.

Хјустон имаше 47 удари за тројка, од кои „ракетите“ погодија 14. Џејмс Харден постигна 35 поени, додека Ерик Гордон го следеше со 27 поени.

Вториот натпревар од полуфиналната серија меѓу овие два тима се игра во „Оракал Арена“ на 1. мај.
Бостон Селтикс го изненади Милвоки Бакс и оствари брејк победа со резултат 112-90 за 1-0 во полуфиналната серија на Истокот.

Најдобри стрелци кај Бостон беа Ирвинг со 26 поени и Хорфорд со 20 кошеви, додека Адетокумбо реализираше 22 поени кај поразената екипа.

https://youtube.com/watch?v=84oUxDF0nf8
https://youtube.com/watch?v=Kxr-KoIWoPI

Scroll to Top